МЗ со детали за починатото бебе: Настапило рапидно влошување на состојбата со отежнато дишење

од Nikola Popovski
56 прегледи

Министерството за здравство излезе со известување во јавноста во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе. Од Клиниката за детски болести информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.

-Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта. ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало. Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита, велат од МЗ, додавајќи дека ќе иницира Комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.

Според полицијата, околу 04.50 часот на Клиниката, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С.

„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, стои во билтенот на МВР.

Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди потврдил дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.

Слични содржини