МЗ со низа препораки поради пеколното време: Внесувајте повеќе течности, но избегнувајте алкохол

од Nikola Popovski
50 прегледи

Поради високите температури, кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето:

– Во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка.

– Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање користете крема со висок заштитен фактор.

– Внесувајте поголеми количества течности, најдобро вода, избегнувајте алкохолни пијалаци. Внесувајте помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна.

– При влегување во возило, први тоа да се проветри.

-Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: – задолжително миење на земјоделско градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а подготвената храна да се стави во фрижидер на +4 степени Целзиусови, пред употребата да се загрее на +100 степени. Избегнувајте термички необработени производи.

-Хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичен лекар.

Сончево и многу топло со максимални температури до 42 степени е денешната временска прогноза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и многу топло, минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната температура ќе достигне 41 степен.

Слични содржини