МЗ уверува дека има доволно инсулин во аптеките

од Nikola Popovski
131 прегледи

Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „Оземпик“ и „Рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика.

-Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, велат од Министерството за здравство.

Повторно ни се случува недостиг на инсулинските терапии Ryzodeg, Ozeмpik и Rybelsus за пациентите со дијабетес, алармира Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

-Заради ревидирање на количините на Ryzodeg, согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – ендокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистински избор за замена на инсулинска терапија, одговориле од Министерството за здравство на прашање од СЗДМ.

Слични содржини