Вакцинацијата во сите вакцинални пунктови во спортските сали низ државата ќе трае се додека има потреба, велат за „Локално“ од Министерството за здравство, откако беше објавена веста дека спортската сала „Борис Трајковски“ на почетокот на следниот месец повторно ќе им биде на располагање на спортистите.
Во спортскиот центар се вршеше имунизација на сите оние кои се пријавија за вакцина преку официјалниот сајт, од понеделникот почна вакцинација на лице кои немаат закажно термин низ поликлиниките.Воедно во моментов на терен секојдневно се врши имунизација на заинтересираните граѓани.
Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид од понеделник ќе им биде достапна на спортистите.
Во изминатиов период во оваа сала масовно се имунизирааше на населението од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Дебрца и Ресен и беа вакцинирани над 58 илјади лица.