152
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од министерството за здравство.
-Вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани.54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина. 30% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, информираат од МЗ.