МЗ: Во ковид-центрите се лекуваат 598 пациенти, има околу 650 празни болнички кревети

од Nikola Popovski
194 прегледи

„Низ ковид-центрите во болниците во целата држава е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти, од кои 284 се во Скопје, а има празни околу 650 болнички кревети“, соопшти Министерството за здравство.

Според извештаите од болниците, во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во  Штип се хоспитализирани 27 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти. Во  Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 35, во ковид-центарот во Гостивар 19, а во Струга 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 1, во Кичево 13, Кавадарци 20, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало шест приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” осум, а на Инфективната клиника пет. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести – 82 пациента, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Вкупно 284 потврдени и сомнителни пациенти на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 136 слободни места.

Слични содржини