МЗ: Во ковид-центрите се лекуваат 970 пациенти

од Nikola Popovski
358 прегледи

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

„МЗ на дневна основа известува дека во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид-центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1667 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите“, известува Министерството

Слични содржини