МЗ за „Локално“:  Лицата кои ќе се вакцинираат ќе добијат сертификат со дигитален печат 

од Берта Китинска

Покрај потврдата која ја добиваат граѓаните по примената прва доза на вакцината против ковид 19, од Министерството за здравство  за „Локално“ информираат дека тие ќе издаваат сертификат со QR code, на македонски и англиски јазик, кој ќе може да се користи и во земјите кои не се членки на ЕУ.

-Насоките за изработка на потрвдата се од Europe Health Network на ЕУ, каде предвидоа дата сет на податоци кои ги содржи Кодот односно тој сертификат – име и презиме, датум на вакцина и ревакцина, тип на вакцина и на сертификатот ќе има дигитален печат од Министерството за здравство. За ЕУ сертификати – се уште нема конечна одлука, истата е најавена за мај, но од Унијата издадоа препораки, по кои ние се придржувавме кога ја изработивме потврдата. Некаде почетокот на јуни се очекува да имаат дефинитивно решение, се надеваме дека тој сертификат ќе може да го користат и земјите кои не се членки на ЕУ, велат од МЗ.

Граѓаните кои нема да се појават на вакцинација, треба да го информираат матичниот лекар  

Околу 20 проценти од граѓаните не се појавиле на терминот за вакцинација. Заесега причините се непознати, зошто овие веќе закажани термини се откажани. Од министерствот за здравство велат дека секој кој нема да дојде на вакцинација треба да го  информира својот матичен лекар.

-Доколку поради оправдана причина граѓанинот не може да се појави во закажаниот термин, истиот треба навремено да го информира својот матичен лекар со што терминот би се отстапил на друг граѓанин кој е во можност да се појави во тој термин и да се вакцинира. Граѓанинот може да закаже повторно термин во кој ќе биде во можност да се вакцинира на истиот начин како што го закажал и првиот пат, велат од министерството за за „Локално“ .

Б.М.

Слични содржини