Министерството за здравство доцна вечерва информира дека ниту една здравствена установа во државата, ниту Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не направиле грешка, откако во медиумите беше објавено дека едно семејство од Врапчиште наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж.
-Погребалните претпријатија, а не болниците го доставуваат телото на починатите. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19, велат од МЗ.
Според ресорното министерство, по настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото.
По повеќечасовно барање, телото било најдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата, објави ТВ 21.