219
Препорака на ресорното Министерство е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се дом на жители, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
„Во Законот за нелегални градби е јасно е укажано дека без дезвола од МЖСПП каде што ќе се предвидува и постоење на зелени површини околу тие градби, нема да се добијат дозволи за градба, тоа се нашите укажувања. Законот се врати пак на Влада, на владина расправа, а нашата препорака од МЖСПП е дека треба да се легализираат само оние градби кои што се во сопственост на граѓани на жители кои живеат во нив“,изјави Нуредини.