МЖСПП за екоцидот во Вардар: Се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите

од Nikola Popovski
17 прегледи

Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. Наведуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби.

-Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.

Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови, стои во соопштението на МЖСПП.

Вчера беше објавена снимка која покажува илјадници шишиња и друг отпад како се движат по течението на реката Вардар.  Граѓани на социјалните мрежи претходно реагираа и за слична ситуација во Скопје, каде реката Вардар беше исто така покриена со отпад поради високото ниво на водата.

🎥Отпад од шишиња тече низ Вардар, Зајкова: Што ќе ни се реклами од кандидатите за втор круг локални и средби и смешкања, кога молчиме на она што нè труе сите!

Слични содржини