МЗШВ: Ниту еден документ не е исчезнат или оштетен

од Берта Китинска
150 прегледи

Електронскиот систем на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во министерството и оневозможување на тековните работни процеси, информираат од МЗШВ.

„МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад.

Нападот е пријавен во Министервото за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството. Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен.

Вработените во секторот за информатички технологии на МЗШВ активно работат за целосно отстранување на проблемот. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

Упатуваме извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршиме услугите, дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот“, стои во соопштението на МЗШВ.

Слични содржини