МЗТ поразен во Сплит

од Aleksandar Petrovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа петтиот пораз во АБА2 лигата, откако загубија на гостувањето против Сплит со резултат 98-85.

„Металците“ на полувреме имаа водство (45-50), до 35. минута целосно му парираа на домаќинот, но на крајот сепак поразени заминаа од Сплит.  тимот на Ѓорѓи Кочов останува сигурен на второто место на табелата со скор од 12 победи и 5 порази.

Крстевски со 18 поени беше прв стрелец на МЗТ, еден помалку постигна капитенот Дамјан Стојановски, додека Милошевиќ го заврши мечот со 15 поени.

МЗТ Скопје во следното коло на 30 јануари ќе ја пречека екипата на Хелиос од Словенија.

Слични содржини