„МЗТ Скопје“ се засилува со тројца Американци

од desk2
7 прегледи

Кошаркарскиот првак „МЗТ Скопје“ вчера го продолжил договорот со тренерот Васко Атанасов, а денеска ги соопшти имињата на трите странски засилувања. Сите доаѓаат од САД.

Нови играчи на македонскиот шампион се Грегори Џонсон, Елајџа Мекејден и Чарлс „Ел Џи“ Гил. Џонсон има 25 години и игра на позицијата ниско крило и по универзитетската кариера во Истерн Њу Мексико, лани настапуваше во австриски Грац.

Мекејден е бек шутер и исто така има 25 години веќе неколку сезони настапува во Европа во тимови од Португалија и Полска.

Американската тројка ја заокружува искусниот 30-годишен центар, кој минатата сезона настапувал во Лимасол на Кипар, како и на Косово, а во кариерата има настапувано во НЦАА и Џи-лигата во САД.

Од таборот на МЗТ велат дека наскоро ќе бидат соопштени и имињата на домашните играчи кои ќе му бидат на располагање на тренерот Атанасов во новата сезона.

Слични содржини