Н-Видиа со свои адути на пазарот со електромобили

од desk2
80 прегледи

Н-Видиа се здружи со Убер и Фолксваген, со цел изработка на вештачка интелигенција и чипови за потребите на индустријата за автономни електрични возила, соопштуваат од компанијата.

Станува збор за изработка на чипови за компјутерска графика и усовршување на системите на самоуправувачките превозни средства.

Генералниот директор на ЦЕС, Јенсен Хуан во Лас Вегас истакна дека автономните возила на Убер веќе ги користат технологиите на Н-Видиа со цел подобра ориентација на самоуправувачките програми.

Убер ќе ја тестира новата компјутерска технологија на новото „Волво СЦ-90“.