„N1“: Здружение сместено во зградата на Груевски организира превоз со сендвичи за митингот на Вучиќ

од Nikola Popovski
445 прегледи

Дел од регионалните медиуми објавија дека на 26-ти мај во Белград ќе пристигнат стотина автобуси, но не само од Србија. За митингот и собирот на српскиот претседател Александар Вучиќ е организиран бесплатен превоз од Куманово, Скопје и другите градови во Македонија, пренесува телевизијата „N1“.

-Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26 мај во петок на најголемиот собир досега одржан во Србија, а сите заинтересирани нека се обратат на телефонскиот број на здружението и нека го резервираат своето место, стои во објавата на здружението oд Скопје „Мир, слога, стабилност“, кое на својот Фејсбук профил има објавено македонско и српско знаме.

Како што пишува телевизијата, здружението се наоѓа во станбена зграда на улица „Бихаќка“ во Пржино, во која некогаш живееше поранешниот премиер и азилант, Никола Груевски.

-Груевски исчезна од станот во оваа зграда и со тоа избегна одговорност пред властите во Северна Македонија, пренесува „N1“.

Иако претседателот на ова здружение за „N1“ негира дека организира превоз, на телефонскиот број оставен во огласот, даваат детални информации за местото на поаѓање, како и дека има бесплатни сендвичи и вода.

Откако се случи незапаметената трагедија во основното училиште на Врачар, каде седмооделенец уби десет свои другари, Србија се крена на нозе, почнаа протести против насилството, организирана од опозицијата, па партијата на Вучиќ најави најголем митинг во историјата за овој петок.

Слични содржини