Најавен Bizzarrini Giotto со V12 мотор

од Vladimir Zorba

Преродениот италијански производител на суперавтомобили Bizzarrini го најави својот автомобил Giotto (именуван по основачот на компанијата), кој ќе се нуди во ограничено издание.

Според соопштението за печатот, Giotto е развиен за да понуди луксузен ентериер, привлечен дизајн и моќен V12 мотор.

Инаку, Bizzarini го покажа спортскиот модел P538 уште во 2008 година, но тој проект не заживеа.

Сега тргнуваат повторно, со суперавтомобил кој има средно монтиран V12 мотор (по потекло Lamborghini), погон на задните тркала и 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Крис Порит, инженер кој работел во Aston Martin, Tesla и Rimac, е задолжен за модификација на моторот за употреба во Giotto.

„Имаме многу јасна визија за Giotto, дефинирана на крајот од тоа како се чувствува возачот“, рече Порит во изјавата.

Џорџето Џуџаро побара помош од неговиот син Фабрицио за дизајнот, кој се карактеризира со заоблени линии. Панелите на каросеријата се направени од јаглеродни влакна за помала тежина.

Техничките детали ќе бидат објавени подоцна оваа година, а тестирањето треба да започне во текот на 2024 година.

Засега не се знае колку примероци ќе бидат произведени, ниту по која цена.

Слични содржини