Најава за ветер и дожд низ земјава

од Nikola Popovski
128 прегледи

Денеска во земјава времето ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен (над 60 км/час) ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Температурите ќе се движат од 2 до 18 целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.

Температурата ќе се движи од 4 до 14 целзиусови степени.