149
Конгресниот комитет соопшти дека ќе истражи зошто документите означени како доверливи биле пронајдени во поранешната приватна канцеларија на претседателот Џозеф Бајден во невладина организација во Вашингтон.
Новиот републикански претседател на Комитетот за надзор на владата, Џејмс Комер, рече дека телото е „загрижено што претседателот Бајден компромитирал разузнавачки извори“, пренесува Би-Би-Си.
Документите, откриени во „Центарот Пен Бајден“ во Вашингтон, наводно содржат извештаи за странски земји, а американското министерство за правда моментално го разгледува предметот.