Најчести показатели дека на организмот му недостасува калиум

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Ако јадете многу храна од кеси или кутии, веројатно имате премалку калиум во вашиот организам, тврди нутриционистот Лорин Блејк од Wexner Medical Centre во Охајо.

Калиумот обезбедува правилна контракција на мускулите во телото, ги регулира телесните течности и балансот на минералите во телото.

Исто така, ги ублажува последиците од прекумерното консумирање сол, проблем со кој се соочуваат многу луѓе во светот.

Покрај тоа, ги штити крвните садови од оштетување и згуснување и го намалува високиот крвен притисок.

Најчестите знаци на недостаток на калиум се:

Замор

На телото му треба калиум за нормално функционирање. Ако сте постојано уморни, но спиете колку што треба, причината може да биде недостатокот на калиум, тврди Лорин Блејк.

Заморот може да биде последица и на стрес, лоша исхрана и недостиг на сон, кои исто така се проблеми поврзани со недостиг на калиум во организмот.

Мускулни грчеви

Кога нивото на овој минерал во телото е ниско, поединецот доживува болка и грчеви во текот на денот или додека вежба.

Чувство на слабост и вртоглавица

Нивото на калиум може да варира во текот на денот, а големиот пад на минералот во телото може да предизвика забавување на отчукувањата на срцето и да се чувствувате како да ќе се онесвестите.

Не е вообичаено, но доколку ви се случи, задолжително посетете лекар, предупредува нутриционистот. Не игнорирајте дури и ако чувствувате пецкање во рацете и нозете.

Висок крвен притисок

Без соодветни количини на калиум во телото, крвните садови може да се стеснуваат, што доведува до висок крвен притисок.

Исто така, внимавајте на палпитациите на срцето – најважниот мускул во телото не може да работи добро кога има нерамнотежа на натриум и калиум во телото.

Постојана надуеност

Телото има проблеми со регулацијата на солта кога на телото му недостасува калиум. Сето ова може да доведе до надуеност. Ако често сте подуени, ова може да биде една од причините.

Слични содржини