Оваа листа е субјективна бидејќи знаењето за возење е тешко да се измери, но има некои трендови, свесност за сообраќајот, опасностите во сообраќајот… Ова се елементите со кои се зафатија експертите за автомобилско осигурување Compare the Market, кои сакаа да видат кои земји имаат најбезбедни и кои најлоши возачи.
Со цел да се состави списокот на најдобрите и најлошите земји, тие разгледале голем број фактори, вклучувајќи ги ограничувањата на дозволената количина на алкохол во крвта, квалитетот на патиштата, статусот на темите за безбедност во сообраќајот на социјалните мрежи и бројот на смртни случаи предизвикани од сообраќајот на патиштата, пишува „HAK“.
На листата од 50 земји, најбезбедните возачи во светот се во Јапонија! Нивото на лимитот на алкохол во крвта е прилично ниско и изнесува 0,03 g/dl, слично на Чиле и Чешка, а на социјалните мрежи има најпозитивно расположение за термините поврзани со возењето, 33,4%.
Јапонија го има и четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека е многу безбедна земја не само за возење, туку и за пешаци.
Осум од 10-те најбезбедни земји се во Европа, а Холандија е на второто место – со 6,4 го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, веднаш зад Сингапур со 6,5, а исто така има едно од најниските нивоа на смртни случаи од сообраќајни повреди во 100.000 луѓе.
Гледајќи на другиот крај на спектарот, Тајланд беше прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе. Перу се најде на второто место, со највисок индекс на сообраќај (220,4) и четврто најлошо ниво на квалитет на патиштата.