135
Најмалку четворица турски новинари се под истрага поради пишување за последиците од разорните земјотреси во Турција, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во таа земја и Сирија.
Независниот новинар Мир Али Кочер е обвинет за „споделување информации без детални истражувања и анализи“, а организацијата Репортери без граници (РСФ) оваа истрага ја нарече „апсурдна“, пренесува британски „Индипендент“.
Новинарите Мердан Јанардаг и Енвер Ајсевер ја критикуваа реакцијата на властите во Анкара во првите денови по земјотресот. Според извештаите, двајцата се уапсени и се соочуваат со три години затвор.