На 111-годишна возраст почина Џезиде Алиу, најстарата жителка на Косово и Балканот

од Илинка Илиоска
94 прегледи

Џезиде Алиу, најстарата жителка на Косово почина на 111-годишна возраст во својот дом во Урошевац, пренесуваат локалните медиуми. Родена на 5 август 1913 година во селото Станчиќ, кај Гњилане, таа беше призната како најстарата жителка на Балканот по смртта на Јоана Проју Димитријаду од Грција во 2023 година. Оваа година, со иста возраст од 111 години, почина и најстарата жителка на Босна и Херцеговина, Ајка Локмиќ.

Медиумите ја следеа Алиу со особено внимание поради нејзината енергичност и активен начин на живот, дури и во длабока старост. На 104 години, таа патуваше за да ги посети роднините во Куманово и се зборуваше дека има 60 потомци, вклучувајќи деца, внуци и правнуци. Таа беше позната по својата остра меморија, немаше потреба од очила и редовно користеше мобилен телефон. Во 2021 година, Алиу стана и најстариот гласач на парламентарните избори во Косово.

 

Слични содржини