„На 13 години продавав дрога“: Шок исповед на поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра, го сподели со јавноста своето болно искуство поврзано со продавање дрога, просење на улица и сексуално злоставување кое го трпел како дете од страна на наставниците.

Евра со децении молчи за чувствителни теми, но реши да зборува додека пишува биографија чии извадоци беа објавени во октомври минатата година. Во меѓувреме, тој учествуваше во новата серија на Би-Би-Си наречена „Freeze the Fear“, каде што се наврати на своето мрачно минато.

– Направив три работи пред да почнам да играм фудбал – вели Евра на почетокот на играта „две вистини и една лага“: – Продавање дрога, просење пред продавница и работа во ТВ продавница. Едно не е точно“.

Гостите се обидоа да погодат што е лажното тврдење, а Евра потоа продолжи: „Не продавав телевизори. Останатите две се точни. Имав 13 години. Просењето беше вообичаено. Некогаш и на полноќ, кога фрлаа гладни „биг-мекови“ (МекДоналдс), ги вадевме од кантите за ѓубре“.

-Кога татко ми си замина, настана хаос. Ме спаси фудбалот. Кога имав 17 години, отпатувавме во Италија. Се сеќавам дека стигнавме, седнавме на ручек и ни донесоа храна. Отидов во собата, бев во тренерка, ѝ се јавив на мајка ми и и реков „Мамо, овде е како рај, луѓето ни носат храна, имаш две вилушки од едната страна, два ножа од друга“. Тоа е моето најубаво сеќавање.“

– Сексуалната злоупотреба имаше огромно влијание врз мојот живот. Се срамиш од себе. Кога не им веруваш на властите, а тоа сепак беше мојот професор, не веруваш никому – изјави Евра, кој имал 23 браќа и сестри. Двајца починаа во меѓувреме, истакнувајќи дека неговиот татко бил поранешен сенегалски дипломат кој ја оставил неговата мајка, која му родила вкупно 24 деца.

Слични содржини