На 13 години работела од 5 часот наутро до доцна навечер: Ова бил страшниот распоред на Мајли Сајрус

од Stefanija Kuzmanovska
633 прегледи

Поп ѕвездата Мајли Сајрус откри каков бил нејзиниот работен ден кога имала само тринаесет години, a била вработена во Дизни како ѕвезда на мегапопуларните серии и филмови за Хана Монтана.

Додека го промовираше својот нов сингл „Used To Be Young“, Мајли објави листа на работи кои морала да ги прави во текот на нејзиниот работен ден, а она што го објави беше навистина застрашувачко.

Девојчето од само тринаесет години морало да биде на сетот од 5 часот наутро, а работела до доцна во ноќта.

Од 5 часот и 30 минути наутро морала да биде на шминкер и фризер, а веќе во 7 часот и 15 минути доаѓал возачот да ја земе за да почне да ја снима серијата, или да дава интервјуа и да биде гостин на утрински и ТВ програми.

Од 9:30 до 11 часот, таа се состанувала со менаџери и уредници на списанија, емисии и продукциски куќи, имала пауза за ручек со нејзиниот татко, а потоа имала различни фотосесии од 14 до 17 часот.

Околу 18:15 часот, таа го давала своето последно интервју во денот, за следниот ден да ѝ започне веќе во 7:15 часот на сетот на Дизни, каде треба да снима нови епизоди.

Мајли Сајрус е една од најпрепознатливите пејачки во светот на денешницата – зад себе има бројни хитови и неверојатна кариера.

Слични содржини