На 40-тиот роденден на Меган се појави и фотографија од ќерката Лилибет

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл вчера го прослави својот 40 -ти роденден и по тој повод го објави првото видео во кое се појавува по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дајана, која е родена на почетокот на јуни.

Во видеото, кое таа го објави на профилот на профилот на Инстаграм на Фондацијата Арчевел, Меган ја ангажираше актерката Мелиса Мекарти за да го промовира својот нов проект 40X40, кој има за цел да им помогне на жените кои ја загубија работата поради пандемијата.

Војвотката од Сасекс се појави во едноставна бела маица и џемпер, а снимена е во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија. Едно од нејзините кучиња уживаше свиткано на перницата зад неа.

Во еден момент, камерата го фати бирото на војвотката, кое содржи досега невидени семејни фотографии, а на една од нив е прикажано бебето Лилибет со нејзиниот татко, принцот Хари, пишува Page Six.

На самиот крај на видеото се појавува и Хари, кој може да се види низ прозорецот како жонглира во дворот.

Слични содржини