Кошаркарите на Мајами во ноќта меѓу вторникот и средата го совладаа тимот на Индијана (125:96) и со 22 тројки го израмнија клупскиот рекорд во НБА лигата!
А една од тие 22 тројки ја погоди Удонис Хаслем, моментално најстариот играч во лигата, кој дебитираше во 2003 година и има 41 година.
Хаслем целата своја кариера ја мина во Мајами, а интересно е што ова беше само шеста тројка од 60 обиди во 19 сезони во кои и официјално е член на НБА.
Медиумите во САД истакнуваат дека Хаслем е повеќе помошник тренер отколку играч, но на крајот доби шанса да го забележи својот 21 настап во последните четири сезони. Од друга страна, ова е шести пат во актуелната сезона да влегува во игра.
UD from downtown 🎯 pic.twitter.com/L1If6bzbp3
— NBA on TNT (@NBAonTNT) December 22, 2021