Британската пејачка Адел го потврди, изгледа ненамерно, за време на неделниот концерт во Бризбејн, Австралија, фактот дека е мажена.
Така таа самата се стави крај на годините со шпекулации, пишува АФП. Познатата по меланхоличните песни за скршени срца пејачка живее одамна со Симон Конеки, поранешен финансиер, основач на добротворната организација за унапредување на пристапот до чиста вода за пиење во светот. Тие имаат четиригодишен син Анџело.
Но 28-годишната Адел одговараше секогаш двосмислено за врската со партнерот, за да го заштити личниот живот. Пред да го испее својот голем хит “Некој како тебе” (Someone like you) од 2011 година, кој раскажува за страдањата по крајот на љубовна врска, на сцената во Бризбејн, таа рече: “Тоа чувство кога почнувате да се вљубувате во некого е најубавото чувство на светот “. “Јас сум зависник од тоа чувство. Се разбира, не можам повеќе да се оддавам на тоа чувство, бидејќи сега сум мажена”, рече таа.
Неколку внимателни фанови веќе го беа слушнале ова “испуштање” минатиот месец на церемонијата на наградите “Греми” во Лос Анџелес, каде што таа се заблагодари на “мажот ми и син ми”. Но, нејзин претставник одби тогаш да каже дали така таа потврдува дека склучила брак. Самиот Симон Конеки бил женет за Клара Фишер од 2004 до 2008 година.