На аеродромот во Кабул, американските војници им делат пакети со храна што содржат свинско месо на Авганистанците кои се обидуваат да избегаат од земјата, изјавила една од бегалците на Инстаграм.
„Тие не хранат со свинско месо, што (муслиманската) религија го забранува, а 95% од луѓето овде не знаат да читаат и зборуваат англиски“, напишала таа на Инстаграм.
Судејќи според етикетата на пакувањето, внатре има свинско парче со јаворов сируп.
Жената додала дека храната не се дели, туку се расфрла.
Таа раскажа и за тешкотиите со кои се соочуваат авганистанските граѓани на аеродромот во Кабул. Според неа, луѓето веќе четврти ден спијат на камења и ѓубре. Сето ова време, американските војници ги држат на нишан, иако не се вооружени.
Претходно беше објавено дека, откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, околу 12.000 странци и локални жители кои работеа во амбасади и меѓународни хуманитарни организации одлетаа преку аеродромот во Кабул.