На албанската државна телевизија честитка и на македонски јазик

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

На албанската државна телевизија  емирувана е новогодишна честитка на македонски и на  јазиците на етничките заедници, српски,грчки, влашки и ромски.

Честитката на македонски јазик ,во траење од триесет секунди, ја упати Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинства при албанската влада,како претставник на македонската етничка заедница.

-Новогодишните празници се време кога си ги потврдуваме нашите искрени честитки. Ги испраќам моите најискрени желби да им ја честитам Новата 2017 година  на сите Македонци каде и да се, и на сите граѓани на Република Албанија,со желби за добро здравје,среќа,спокојство и хармонија во секое семејство.Во новата година  уште посилно и уште подлабоко  да ја негуваме нашата традиција на соживот,почитување и прифаќање на различности.Среќна и бериќетна 2017 година, – порача Китани, претставник на Македонците во комитетот, чиј прв човек е Гркинката Констандина Бежани.

За првпат честитка и на макдонски јазик беше емирувана пред две години,што Китани го оцени како историски чин.

Тој се надева дека конечно годинава на албанската државна телевизија ќе почне и емитување еднаш неделно информативни и други емисии за животот, културата и традициите на малцинствата.