На Американците крива им е топката на ФИБА за лошиот шут на ОИ

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Досега американските кошаркари имаат половичен успех на два натпревари во Токио, што е големо изненадување со оглед на составот во кој пристигнаа на Олимписките игри.

Поразот од Французите ги маскираше сите аномалии на „дрим -тимот“, но потоа се поправи впечатокот против Иран, кој ја почувствува целата шутерска моќ на избраниците на Грег Поповиќ.

Сепак, впечатокот што остана од натпреварот со Французите е катастрофалниот шут на Американците, толку лош што некои поранешни играчи веруваат дека за се виновна е – топката?!
И тоа не обична топка, туку топката на ФИБА која „не лежи“ во рацете на американските кошаркари како што треба, тврди поранешниот НБА играч Раџа Бел.

– Тоа е голем проблем – вели поранешниот играч на Филаделфија, Далас, Јута и други клубови.

– Отсекогаш сум велел дека топките на ФИБА имаат лош ефект врз мојот удар и ударите на другите играчи во НБА, и тоа многу. Ја мразам таа топка – ова го рече Бел по натпреварот помеѓу Америка и Франција, и пред мечот со Иран во кој неговите сонародници, сепак, имаа добра „врска“ со топката.

Најмногу од сите, Лилард постигна седум тројки.

Раџа има само критички зборови за топката на ФИБА.

– Полесна е, па чувствувате како да е помала. Сакам да кажам дека ако механиката на ударот се базира на меморијата на мускулите, а вие ја менувате топката, тогаш се станува многу потешко – вели тој.

Слични содржини