На автопатот Кичево – Охрид завршени над 72 проценти од градежните работи

од Destan Jonuzi
147 прегледи

Прогресот на работите на автопатот Кичево – Охрид  е над 72 проценти, а кога го преземавме проектот во 2017 година беше со 30-ина проценти прогрес и натоварени проблеми, како нерешени имотно правни прашања, лоши проекти, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој во гостување на ТВ 21 вечерва истакна дека во изминатиот период направиле се што било потребно за да се работи на автопатската делница. Како Министерство за транспорт и врски ги одобриле проектните документации и ги изработиле потребните проекти.

– Тоа значи дека трасата веќе се ослободува за работа бидејќи не можеме да работиме на траса која не е експроприрана, на нечиј приватен имот. Сите овие постапки ги завршивме. Репроектирана е трасата, испроектирани се клучките, поместена е трасата на делницата кај Кичево каде што поминуваше преку резервоар за вода на Кичево. Се работи на целата делница,  рече Бочварски, истакнувајќи дека веќе се работи и на асфалтирање на првиот тунел.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Инвестицијата изнесува 598 милиони евра.

Слични содржини