На Баерн не му се брза со новите договори на Левандовски, Милер и Нојер

од Vladimir Zorba

Баерн (Минхен) нема да брза да преговара за нови договори со ветераните Роберт Левандовски, Томас Милер и Мануел Нојер, изјави претседателот на клубот Херберт Хајнер.

Тројцата се врзани за Баварците до следното лето и според некои поранешни играчи, меѓу кои и Лотар Матеус, тие веќе требало повторно да потпишат.

Хајнер во интервју за „Кикер“ изјави дека „Баерн не може да се води од написи и гласини“.

„Роберт Левандовски знае дека е непроценлив за нас. Истото важи и за Мануел Нојер и Томас Милер, кои исто така се големи фигури во историјата на Баерн. Има многу време до крајот на нивните договори и тие тоа многу добро го знаат, па нема да брзаме. Мислам дека никој не зажали што го продолжи договорот со Баерн во последните години“, додаде претседателот на клубот.

Тезата на Хајнер ја поддржува и директорот Оливер Кан: „Јас сум целосно мирен и полека преговараме. Никогаш не дозволуваме да бидеме под притисок“.

Слични содржини