Митровица е дел од делумно признаената држава Косово. Не е изненадувачки, дека ова исто така е и место со етничките тензии и политичка нестабилност. Да додадеме и двојник на Хитлер, кој од време на време ги тресе меѓународните мировници, и се добива една интересна доза од ексцентричност.

0000280672-article2

“Косово има свој Адолф Хитлер”, коментира Емин Џиновци како да зборува за друг човек. 55-годишниот маж е ветеран од Ослободителната војска на Косово. Во моментов живее со пензијата како ветеран и од имитација на нацистичкиот лидер.

Емин вложува напори за да изгледа како Хитлер – носи значки со свастики, гердани со свастики и копија на “Мојата борба”.

“Луѓето ме нарекуваат Хитлер уште од првиот ден во кој напуштив армијата”, раскажува тој за магазинот Вајс. “Велат дека многу личам на него, повеќе од Англичанецот кој игра во оној филм”, додава тој, мислејќи на Чарли Чаплин во “Големиот диктатор”.

Косовскиот Хитлер си има и визит карти – на неа пишува Хитлер, има и свастика, како и орел. Луѓето често го канат на настани, на свадби и дури на погреби.

“Се случува и да одат на погреб, облечен како Хитлер. Тоа понекогаш има и негативен ефект, бидејќи оние кои тагуваат, престануваат да плачат и доаѓаат кај мене да зборуваме”, раскажува тој.

Новинари од “Вајс” се прошетаа низ Митровица со локалниот Хитлер, но никој не е загрижен од неговото присуство на улиците. Дури напротив – многу луѓе го запираат да го поздрават нацистички косовскиот Хитлер – нешто што би го вознемирило целиот западен свет. Дури миротворците од КФОР ги запираат своите автомобили за да кажат здраво на Емин.

“Луѓето тука ме почитуваат. Млади, стари, мажи, жени и деца. Тие секогаш ме поздравуваат со ” хајл Хитлер “.

Емин ја прифаќа работата навистина сериозно. “Хитлер не пушел”, вели тој секој пат кога ќе му понудат цигара. Ги критикува и луѓето кои доцнат на состаноци, бидејќи германската армија е секогаш точна. Сепак косовскиот Хитлер не е вегетаријанец.

“Девојките сакаат да ми го пипаат лицето , мислат дека е маска. Потоа ја влечат мојата коса, а понекогаш ме прашуваат дали може да ме бакнат. Се случува и кога сум со семејството надвор да ми флертуваат, но жена ми не е љубоморна, таа не е таков човек “, раскажува уште Емин.

Косовскиот Хитлер се и идентификува со вистинскиот Хитлер, бидејќи нацистите војувале против непријателите на Косово. Ги одредува комунистите и Србите за главни непријатели.

Денес зема меѓу 20 и 80 евро центи за слика. Понекогаш си донесува и до 200 евра на ден – ако има настан или туристи во Митровица.

Има 5 ќерки, во училиште ги нарекуваат децата на Хитлер. Оди и на родителски средби како Хитлер, немал проблеми досега.

Разочаран е од Косово по војната, очекувал Косоварите да се прегрнуваат по улиците, но невработеноста го очајува и него. Косовскиот Хитлер е задоволен од својот живот и не планира да се менува ништо, додека умре.

Слични содржини