На Барса и истекува времето, гигантите од полноќ го демнат слободниот Олмо

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Во Барселона нема мир, сега се е во рацете на Ла Лига и нејзините функционери, кои имаат рок до полноќ да ја проверат документацијата и да го пријават Дани Олмо.

Како што е познато, на Барса и беа одбиени две жалби во последните неколку дена, а Жоан Лапорта беше принуден да повлече нови лостови.

Барселона одлучи да ги продаде ВИП-ложите на реновираниот „Камп Ноу“ на компанија од Дубаи во следните 20 години, но Ла Лига е претпазлива иако клубот навреме ја достави целата документација.

Проблемот е што Барселона претходно продавала и правела вакви потези, а подоцна не добивала пари од фирма, односно зделката пропаднала.

Ла Лига сега инсистира парите да се уплатат однапред, а Барса уверува дека направила се во согласност со прописите и дека Ла Лига е обврзана да ги комплетира сите потребни документи денеска.

Во спротивно, доколку денеска не биде пријавен Дани Олмо, ќе биде слободен агент!

Некои клубови ќе се обидат да го искористат, а се споменуваат – Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Арсенал!

Во случај Олмо да не биде регистриран, Барса нема да може да направи ништо и ќе остане без играч за кој платија 55 милиони евра летово.

Се на се, чекаме како ќе се одвива ситуацијата во наредните часови, од Барса се оптимисти дека направиле се што е потребно и дека ја доставиле целата документација со гаранции за плаќање…

Слични содржини