На бебиња во болница во Австралија наместо кислород им пуштиле гас за смеење

од desk3
62 прегледи

Едно бебе почина, а друго е во критична состојба, откако во болница во југозападниот дел на Сиднеј наместо кислород им дале азот субоксид, познат како гас за смеење, соопштија локалните власти.

bebe

Министерката за здравство на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Џилијан Скинер, ја потврди информацијата и изрази сочувство до семејството на починатот дете, пренесоа австралиските медиуми.

На бебињата кои се родени во последните два месеци по грашка им е даден азот субоксид наместо кислород, а грешката е воочена кога еден од психијатрите изразил загриженост поради смртта на бебето.