Легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) во понеделник ќе му се суди во Лондон за измама при прогласување на личен банкрот и се соочува со затворска казна до седум години.
Во повеќе од 20 точки во обвинението, британското правосудство го обвинува Бекер дека се обидел да сокрие пари и други вредни предмети, вклучително и тениски трофеи, во стечајна постапка и за прикривање недвижен имот.
Наводно им предал пари и други предмети на поранешната сопруга Барбара и ќерката и го прикрил поседувањето на имотот. Наводно криел и акции во една од фирмите.
Трикратниот победник на „Вимблдон“ ги негира сите обвиненија. На првото рочиште тој се изјасни за невин по сите обвиненија. Одлуката ќе биде позната по три недели и теоретски на Бекер му се заканува затворска казна до седум години во Велика Британија.
„Во основа сум позитивна личност и секогаш верувам во добро. Верувам и во британската правда“, изјави Бекер за Bild am Sonntag, додавајќи дека ќе се обиде да ја докаже својата невиност.
Во 2002 година, судот во Минхен го осуди Бекер на две години условно и парична казна од 300.000 евра за даночно затајување од околу 1,7 милиони евра.
Бекер прогласи банкрот пред пет години, а во времето на банкрот неговите долгови беа проценети на 50 милиони фунти.