На берза од денеска ќе се тргува до 13 часот

од Stefanija Kuzmanovska

Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради скратеното работно време во банките/брокерските куќи и воведената забрана за движење после 16 часот во работните денови, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за времена промена на времето на тргување на Берзата.

Согласно оваа одлука, почнувајќи од 09.04.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 14 часот ќе трае до 13 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување.

Слични содржини