356
Албански државјанин е приведен во земјава на барање на Интерпол. Како што соопшти МВР, станува збор за 33-годишниот Г.А. од Република Албанија кој бил приведен синоќа во 21,40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при обид да влезе во земјава.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.