На „Богородица“ се чека половина час за влез во Грција

од Nikola Popovski
198 прегледи

Со оглед дека ден е пред викенд, се очекува да има гужви на граничните премини во државата, особено за влез на грчка територија. Од Авто-Мото Сојузот на Македонија информираат дека на ГП „Богородица“ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила и дека времето на чекање е околу 30 минути.

-На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

Од она што може да се забележи на камерите од граничните премини, три ленти се исполнети со возила на „Богородица“ и веќе почнува да се создава гужва.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини