На „Богородица“ и „Табановце“ се чека до половина час

од Nikola Popovski
141 прегледи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути , а на ГП „Богородица” времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини