245
На 17.07.2021 во 05.00 часот на влез во државата, во близина на Граничен премин Богородица, во товарно возило „мерцедес“, со српски регистарски ознаки, управувано од Н.В. од Р.Србија, откриени се пет лица мигранти и тоа по едно од Сирија, Пакистан и Египет и двајца од Авганистан.
По преземени мерки и активности било констатирано дека тие претходно влегле во товарниот дел од возилото, без да бидат забележани од возачот.
Лицата се предадени на РЦ Југ за понатамошна постапка.