На Буфон му се заканува суспензија, го опцул Бог

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Голманот на Јувентус и рекордер во Серија А, Џанлуиџи Буфон би можел да се соочи со суспензија за несоодветен речник на натпреварот против Парма на крајот на минатата година.

На споменатата средба, Буфон имаше жесток разговор со неговиот соиграч Манол Портанов, при што гласно го опцу Бог.

Тоа не се простува во Италија, па искусниот голман го очекува казна од еден натрпевар.

Казните за вакви прекршоци станаа почести за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи натпреварите се играат без публика, па сè се слуша многу појасно.

Слични содржини