На четвртиот ден од прекинот на огнот, Израел доби список со последните заложници кои ќе бидат ослободени

од Stefanija Kuzmanovska

На четвртиот, последен ден од договореното примирје, Израел го доби списокот со последните 11 заложници, кои денеска треба да бидат ослободени по 52 дена во заробеништво на Хамас.

Палестинската милитантна организација вети дека ќе ослободи вкупно 50 жени и деца киднапирани во Газа во замена за ослободување на 150 Палестинци од израелските затвори, освен ако договорот не биде продолжен под нови услови, пишува „Тајмс оф Израел“.

Хамас во неделата објави дека на третиот ден од прекинот на непријателствата со израелската армија ослободи 13 израелски заложници, како и четворица странци – тројца тајландски и еден руски државјанин, објави претходно „Ројтерс“.

Слични содржини