На денот кога во јавноста се обзнани дека дел од “непослушните” кадри на ДУИ ќе формираат своја партија, полицијата го уапси Арменд Фазлиу, внук на потпреседателот на Собранието, Рафиз Алити и е пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Фазлиу беше осуден на 2 години затвор поради пожарот во дирекцијата на „Македонски пошти“ пред две години. Фазлиу тогаш ббеше беше шеф на кабинетот на Алити, беше директор.
Она што е интересно е дека апсењето на внукот на Алити се случува во истиот ден кога во јавноста проструија информациите дека крилото на “бунтовниците” во
ДУИ ја формира партијата “Единство”а за предводник се смета токму Рафиз Алити.
Алити и претходно во јавноста гласно критикуваше за состојбите во ДУИ.
Весникот на албански јазик Лајм денеска објави дека дека во новата фракција на ДУИ влегуваат членови од т.н. воено крилоа го сочинуваат Хазби Лика, Зулфи Адил, Фатмир Дехари и др.
Од полицијата засега нема информација за пасењето на внукот на Алити, а пак самиот тој одби да коментира за настанот.