На Денот на таткото: Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез го доби седмото дете

од Stefanija Kuzmanovska
482 прегледи

Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира се среќни за нивното прво заедничко дете, а новото бебе исто така имаше одличен тајминг бидејќи дојде токму на Денот на таткото.

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез деновиве ги живее најсреќните денови во својот живот. Чувството што веќе го почувствувал шест пати повторно му се вратило бидејќи го дочекал седмото дете. Чувството на татковска нежност повторно го обзеде, а среќата ја сподели на својот Инстаграм профил.

Покрај црно-белата фотографија на нивното бебе како лежи на голите гради на Марк Ентони и ја држи мајка му за рака, натписот соодветно гласи: „Божјиот тајминг е секогаш совршен. Среќен ден на таткото“.

Ентони и неговата сопруга Надија Фереира ја објавија својата бременост на Инстаграм оваа година на Денот на вљубените, а раѓањето на нивното дете во јавноста го објавија на Денот на татковците на Америка и Британија.

Триесет години помладата манекенка на тој начин стана мајка за прв пат, но веќе искусниот Ентони ќе и помогне со сите нејзини сомнежи. Ентони е татко на седум деца, а најстарата ќерка веќе има 28 години.

Со поранешната девојка Деби Росадо, тој прво стана татко на ќерката Аријана пред 28 години, а потоа го добија и синот Чејс. Со поранешната сопруга Дајанара Торес ги има синовите Кристијан и Рајан, но најголемо медиумско внимание сепак имат близнаците Ема и Максимилијан кои ги доби од бракот со Џенифер Лопез.

Слични содржини