На Деве Баир одземено злато во вредност од девет милиони денари

од Берта Китинска
245 прегледи

Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во Република Северна Македонија, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и 1 автобус.

Имено, околу 06:00 часот на ГП Деве Баир, за влез во државата се пријавил автобус марка Mercedes 0403 со македонски регистарски ознаки SK 4662 BB, управувано од лицето Т. Д. од Република Турција.

При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 ЕУР.

Стокaта и автобусот се привремено задржани со Потврдa за привремено одземени предмети и заедно со лицето се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Слични содржини