На дежурство истепани лекар и сестра од тетовската болница

од desk3
72 прегледи

тепање-620x330

На 02.01.2016 година околу 15.20 часот во ПС Тетово, И.О. (59) вработен како доктор во Детско Одделение во КБ Тетово, пријавил дека истиот ден околу 15,10 часот додека бил на работа како дежурен лекар бил физички нападнат од страна на непознато лице кој бил заедно со уште две непознати женски лица и едно малолетно дете кои  влегле во ординацијата за укажување на лекарска помош за детето.

Разбојник “сработи” скопски таксист, а ајдуците стан во Скопје и куќа во Гостивар

Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко Одделение и побарал да му донесат упат, лицето му се нафрлило и физички го нападнал, а потоа почнал со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлал на подот за што лекарот преку дежурната сестра Ќ.Ј.(46) побарал  да биде повикано обезбедувањето, а откако истата се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и нејзе физички ја нападнал по што го напуштил местото на настанот. По превземени мерки бил утврден идентитетот на лицето. Се работи Н.С.(25) од с.Шемшово. СВР-Тетово  работи на целосно расчистување на случајот.