
Бред Пит им далинструкции на своите адвокати да побараат од судот да биде одреден краен рок за обликувањето на развод со Анџелина Џоли, откако таа продолжува да го одолговлекува, објави весникот „Сан“. Ако не ги потпише документите дотогаш, актерката ќе треба да плаќа казна.
Иако Бред Пит пројавувал „неверојатно трпение“ за време на разводот, одолговлекувањето веќе му дошло преку глава. Тој бил уморен од постојаното одложување од страна на Анџелина Џоли и му се чини дека за неа тоа веќе се претворило во игра.
Разводот на мегаѕвездите трае веќе три години. Дури во април се шпекулираше дека Анџелина Џоли сакала Бред Пит да се врати. Судот сепак стави крај на ваквите надежи, откако издаде делумно решение за развод, со што ги објави двајцата за „правно необврзани“, додека не бидат допрецизирани останатите детали.
„Бред не сака ултиматуми, но поминаа две и пол години во прецизирањето на деталите по крајот на неговиот брак. Тој само сака да заврши засекогаш и да продолжи со својот живот, без разводот да му виси над главата. Штета е што се стигна дотука“, вели негов близок пријател, цитиран од изданието.