На ДПМНЕ во вода им падна реториката за бугарски диктат, порачуваат од СДСМ

од Nikola Popovski

Во екот на уставните измени кои моментално се наоѓаат во Собрание, СДСМ уште еднаш повтори дека тие се за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбедат европската иднина на државата и на граѓаните. Според партијата, важно е да се направи потребниот исчекор во евроинтеграцискиот процес.

Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна. ДПМНЕ нема аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, сите лаги, до една им потонаа. Прво ширеа страв и паника за асимилација и бугаризација и македонски јазик како бугарски дијалект. Не само што нема никаква асимилација ниту бугаризација туку имаме заштитен македонски јазик и идентитет, велат од партијата на власт.

Од СДСМ посочуваат и дека на опозицијата во вода им падна и реториката за бугарски диктат.

Преговорите не се водат со Бугарија, туку со Европската унија. Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а уште една лага на ДПМНЕ е дека за неа може повторно да се преговара. Уставните измени се за доброто на граѓаните, за продолжување на европскиот пат, за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година, стои во соопштението.

Деблокадата на нашиот европски пат беше овозможенa со прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ од 30 јуни 2022 година од страна на Владата откако претходно Собранието усвови заклучоци по Информацијата за предлог-преговарачката рамка со кои ја задолжи да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел деблокирање на евроинтеграциските процеси. Предлогот на француското претседателство се базираше на предложената Преговарачка рамка од страна на Европската комисија за време на португалското претседателство со ЕУ, на која Бугарија имаше три забелешки: во однос на краткото име на нашата земја, македонскиот јазик и вклучувањето на Бугарите во Уставот на државата.

Нашиот став по ова барање беше процесот за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, како една од заедниците во земјава, да се случи до завршување на преговарачкиот процес, а преговорите официјално да почнат со првата Меѓувладина конференција, со образложение дека одлуката за старт на преговорите е донесена уште на 20 март 2020 година, а сега само треба да се формализира нивниот почеток. Како компромис е усогласно сегашното решение за вклучување на Бугарите во Уставот до одржувањето на втората Меѓувладина конференција.

Слични содржини